Ќе има ли недостиг на чоколадо и дали ќе стане луксуз

Главните африкански фабрики за какао во Брегот на Слоновата Коска и Гана ја запреа или ја прекинаа обработката затоа што не можат да си дозволат да ја купат суровината, велат извори за Ројтерс.

По три години лоша жетва на какао производителите на чоколада веќе ги зголемија цените, а се очекува да пропаднат во четвртата во овие две земји кои произведуваат скоро 60 отсто од какаото во светот, пренесува Ројтерс. Под влијание на временскиот феномен Ел Нињо, врнежите во Брегот на Слоновата Коска и Гана се разредија па и сушите зачестија.

Производителите на чоколадо не можат да направат чоколада од сирово зрно какао и се потпираат на преработувачите кои ги претвораат зрната во путер и ликер.

Во Гана, вториот по големина светски производител на какао, повеќето од неговите осум фабрики, вклучително и онаа на државната компанија за преработка ЦПЦ, повеќе пати ја прекинуваа работата на повеќе недели од почетокот на сезоната во октомври, рекоа два извори од секторот.

ЦПЦ информираше дека дека поради недостиг на зрна какао работи со капацитeт од околу 20 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: