Ќе мора ли Србија да употреби војска против Косово?

Во врска со најавите за формирање косовска армија, српската премиерка Ана Брнабиќ денес изјави дека се надева дека Србија нема да мора да ја употреби својата војска. Сепак, според неа, во моментов тоа е една од опциите што се на маса, затоа што не може да се гледа ново етничко чистење на Србите.
„Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја употребиме својата армија, но во моментов тоа е една од опциите кои се на маса, зашто не можеме да гледаме ново етничко чистење и нови „Олуи“, иако Еди Рама повикува на нив“, рече Брнабиќ денес во Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.