ЌЕ ОДМАРАМЕ 5 ДЕНА ВО РОК ОД ЕДНА НЕДЕЛА – еве ги неработните денови кои ни доаѓаат наскоро, потоа следниот споен викенд дури за два месеци!

Ни доаѓа најголемиот христијански празник Велигден, а со тоа и споен викенд и неработни денови во нашата земја.
Ќе одмараме четири дена, а потоа следува и први мај и празникот Рамазан Бајрам каде повторно во рок од една недела ќе одмараме дури пет дена (четири за Велигден и еден следниот понеделник).
Потоа во мај ќе одмараме уште еднаш, а следниот споен викенд е дури на 10 јуни.
Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:
За сите граѓани


25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Пронајдете не на следниве мрежи: