Ќе се зголемува акцизата на бензините, пак народот ќе ја плати цената

Ќе се зголемува акцизата на бензините, пак народот ќе ја плати цената и тоа дебело. На овој начин се смета дека ќе се наплатат дополнителни 46 милиони евра од корисниците годишно!!!

Нина Ангеловска вели дека ќе го прифатат предлогот на Стопанската комра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа, но оти конечната одлука ќе ја има Владата. (читај Владата ќе ја зголеми акцизата)

-Тој предлог е на маса, веќе изработуваме предлог уредба, Владата е колективен орган кој носи одлуки, знаете дека сите предлози што потекнуваат и што се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо и дека треба, земајќи предвид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денара да се зголеми акцизата на нафтата. Со Царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро ќе излеземе со точна информација, но би настојувале да го прифатиме предлогот од Стопанската комора бидејќи сметаме дека има оправданост во едни вакви услови кога има голем пад на цените на нафтата, меѓутоа секако и кога има и намалена побарувачка, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Во пакетот решенија за справување со економските проблеми Стопанската комора предлага за два денара да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, а акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Нивните пресметки покажуваат дека со предложените мерки од акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати месечно би се прибрале  3,8 милиони евра повеќе односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

МАКАМТРАНС СЕ ПРОТИВ!!

– Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Така, микро, малите и средни бизниси, земјоделците да се жртвуваат, а на олигарсите да не им фали ни влакно од главата. Се надеваме дека оваа тешка ситуација барем малку ви покажа колку се важни превозниците, земјоделците, колку се важни сите мали бизниси кои 80 отсто го полнеа буџетот, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување. Крајно време е после 30 години некој од политичките партии да им каже на олигарсите ДОСТА Е, вратете нешто во стопанството и немојте да барате преку леб погача, стои во писмото од Макамтранс до премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.