Неодамна познатата фолк-пејачка Благица Павловска (64) објави фотографија со која што ги изненади сите на социјалните мрежи.
Имено, Благица не можеше да му одолее на тракторот, па се качи на него и со насмевка на лицето позираше во вакво издание.
Облечена во цветен фустан таа се фати за воланот, а фотографијата изненади многумина на социјалните мрежи.
Не знаеме дали таа навистина се возеше со оваа „луда“ машина, но повеќе од сигурни сме дека уживаше додека го прави тоа.
Таа покажа дека е подготвена да се најде и во улога на шофер, доколку има потреба за тоа во некоја пригода.
Инаку, Благица е позната по тоа дека е некој што знае да се пошегува на своја сопствена сметка, па без проблем вакви случки од животот споделува со бројните следбеници на социјалните мрежи.
Но тоа воедно е и една од причината што многумина ја обожаваат, што може да се забележи и од коментарите под фотографијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.