-Утре, петок (13.01.2023), Општина Македонска Каменица организира тест ден за бесплатен јавен превоз за жителите од селата Саса, Моштица и Дулица. Веќе од наредниот петок ќе биде воведен бесплатен јавен превоз за жителите и од останатите рурални средини, информираа од Општината
Целта на активноста како што додадоа е да се види заинтересирсноста за реализирање на оваа иницијатива која потекнува од самите жители.
-Во зависност од потребите ќе биде креиран возен ред и на располагање ќе бидат ставени двете општински комби возила, велат од локалната самоуправа.
Според предвидениот распоред, во текот на утрешното тест возење, заинтересирсните ќе можат да ја користат услугата почнувајки од 7:45 часот од паркингот кај градскиот пазар во М.Каменица.