Ќе сноси ли некој одговорност за случајот во Гостивар?

Ќе сноси ли некој одговорност за случајот во Гостивар? Додека надлежните си ја префрлаат топката и се докажуваат кој е во право, во болницата во Гостивар над 1.200 пациенти меѓу кои и деца побарале лекарска помош.
Без разлика дали причината е загадена вода или храна, некој мора да сноси одговорност за тоа што толкав број пациенти биле затруени, не по нивна вина.

Откако случајот излезе во јавност, се активираа надлежните институции барајќи го причинителот за толкавиот број на пациенти кои со симптоми на повраќање, дијареа и температура се јавиле за помош во Болницата во Гостивар.
И додека Обвинителството соопшти дека презема дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење, а Агенцијата за храна и ветеринарство издаде наредба за забрана за водата за пиење, директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асана тврди дека причина не е водата, туку храната и високите температури.

Асани тврди дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“. Од јавното претпријатие Комуналец’ тврдат дека водата била исправна за пиење.
Спротивно на тврдењата на „Комуналец“ и директорката на ова претпријатие, СВР Тетово излезе со информација дека постојат сомневањата дека Јавното претпријатие „Водовод“ во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се внесувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот со вода за пиење.
– Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на пивка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информираа од СВР Тетово.
Граѓаните заслужуваат одговори – кој дозволи и со чиј амин се затруени, ќе сноси ли некој одговорност што е нарушено нивното основно право за чиста вода и животна средина?

The post Ќе сноси ли некој одговорност за случајот во Гостивар? appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: