500 г мешано мелено месо
1 кг кромид
1 филџан ориз
1 јајце
1 кришка леб омекната во млеко
лебни трошки
2-3 домати или 200 мл доматен сос
3 чешниња лук
1 лажица исечен магдонос
1 лажица црвен пипер
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Ситно исечете 1 главица кромид, испржете ја и ставете ја во сад. Додадете ги месото, јајцетo, исцедениот леб, магдоносот, сувиот зачин, сол и црн пипер. Измесете смеса и формирајте ќофтиња. Свалкајте ги во лебни тршки и малку запржете ги од двете страни.
Кромидот исечете го на парчиња и пржете го додека почне да се стакли. Додадете ги измиениот ориз, парчињата лук, црвениот пипер, сол и црн пипер и промешајте. Ако ја правите тавата со доматен сос додадете го и него, ако не додадете 200 мл топла вода. Ставете го кромидот во тава за печење и наредете ги ќофтињата.
Попрскајте со масло и ако не сте додале доматен сос наредете ги доматите исечени на кругови. Печете 30 минути на 200 степени.