Петокот е голема најава за викенд, па затоа денес подготвуваме „храна за утеха“
СОСТОЈКИ:
300 гр мелено месо
50 гр рендан кашкавал
1 јајце
1 лажица презла
1 лажичка сол
1/2 лажичка пиперка
За сосот:
1 кромид
2 лажици брашно
500 мл домати
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1/2 лажичка пиперка
ПОДГОТОВКА:
За ќофтиња соединете ги меленото месо, ренданиот кашкавал, јајцето, презлата, солта, биберот и оставете го во фрижидер. Потоа обликувајте ги ќофтињата и пропржете ги на загреано масло. Испржените ќофтиња извадете ги во чинија.
На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид. Додадете брашно, кратко пропржете, па додадете ги доматите. Зачинете и кога ќе зоврие додадете ги ќофтињата, па динстајте неколку минути со постојано мешање.
Сварете ги шпагетите во солена вода. Процедете и соединете со сосот. По желба изрендајте го кашкавалот пред послужување.