Ќофтиња од риба

800 г риба (обично ослич)
250 г парчиња варени компири
1 јајце
рендана кора од 1 лимон
1 лажица исечен магдонос
1 лажица сув зачин
150 г лебни трошки
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Рибата сварете ја и отстранете ги кожата и коските. Месото иситнете го на парчиња и ставете го во сад. Компирите изгмечете ги и додадете ги во садот. Додадете ги магдоносот, јајцето, кората од лимон и сувиот зачин. Посолете и додадете црн пипер.
Замесете смеса и формирајте ќофтиња. Свалкајте ги во лебни трошки и испржете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.