Џастин Бибер наводно е „апсолутно згрозен“ од скандалот околу неговиот поранешен ментор, уапсениот рапер Диди Комбс, кој е обвинет за силување, трговија со луѓе и водење криминална организација.„Џастин беше советуван да се држи настрана од се што е поврзано со Диди“, изјавил инсајдерски за магазинот „Ју-ес викли“.Според изворите, Бибер, кој го дочека своето прво дете со сопругата Хејли во август, сака да се заштити од скандалот околу Диди и неговите озлогласени забави на кои имаше многу познати фаци. „Тој е целосно згрозен од скандалот“ Друг извор тврди дека Бибер е во сериозна психичка состојба.„Тој има историја со Диди и наводите против раперот беа тешки за обработка“, тврди инсајдерот, додавајќи дека Бибер моментално најмногу е фокусиран на својот син. „Тој е целосно згрозен од скандалот, тој не сака ништо да има врска со оваа ситуација. Тоа е во неговото минато и тој сака да остане таму. Неговата среќа што е татко ја надмина неговата вознемиреност за Диди“, тврди тој. Да потсетиме дека Бибер преку ноќ стана успешен на само 14 години.Во 2008 година, тој потпиша договор со издавачката куќа Ашер, штитеник на Комбс, што го означи почетокот на неговото пријателство со Диди. Старите снимки се застрашувачкиПо апсењето на раперот, на интернет кружат стари видеа од нивната интеракција. Во едно видео, тогаш 40-годишниот Диди вели дека сака тогаш 15-годишниот Бибер да преноќи кај него.Во едно старо интервју во шоуто на Џими Кимел, водителот го прашал Диди дали сака на Бибер да му подари Ламборџини, како што му дал на својот син.„Тој доби Ламборџини на ден или два и имаше пристап до куќата. Џастин знае дека не може да зборува за работите што ги прави со неговиот постар брат Паф (Диди претходно настапуваше како Паф Деди) на националната телевизија. Не е сè за сите“, одговори тој. е рапер.
Пронајдете не на следниве мрежи: