Американскиот пејач Џастин Тимберлејк го прослави објавувањето на својот прв албум од 2006 година, со настапот во Лос Анџелес и го развесели своите обожаватели со најавата дека наскоро ќе се појави уште еден негов албум.
На промоцијата на албумот „The 20/20 Experience”, Џастин Тимберлејк го појасни дека медиумските нагаѓања дека подоцна годинава ќе објави уште еден албум
„Морам да ги објаснам медиумските шпекулации. Приказната дека ова се само првиот дел е вистинита. Постои и втор дел, но нема да ви кажам кога ќе го објавам”, изјави пејачот.
Медиумите претходно објавија дека Квестлав, тапанарот на бендот Roots, кажал дека Тимберлејк новиот албум ќе го издаде во ноември годинава.
Makфакс
Американскиот пејач Џастин Тимберлејк го прослави објавувањето на својот прв албум од 2006 год