Џафери на парламентарното собрание на НАТО во Канада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денес до 19 ноември ќе учествува на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која ќе се одржи во Халифакс, Канада. Со него патуваат потпретседателот Весел Мемеди, и пратениците Илија Димоски и Катерина Кузманоска.
Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на Сесијата, а можни се и средби нa маргините на настанот. Во рамките на ова патување тој ќе има средба и обраќање пред албанската католичка заедница “Благословена Мајка Тереза“ во Торонто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.