четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џенифер Лопез пеела за два милиони долари на свадба во Индија: Појавувањето предизвика хаос на мрежите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез добила огромни 2 милиони долари за да настапи на свадбата на индиската милијардерка Нетра Мантена и Вамси Гадираџу.

Нетра, ќерка на индискиот фармацевтски гигант Рама Раџу Мантена, се омажила за технолошкиот тајкун Вамси Гадираџу оваа недела во близина на палатата Таџ Лејк во Удајпур.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Џенифер Лопез носела неколку комбинации за време на настапот, вклучувајќи златен костим кој едвај ги покривал нејзините интимни делови. Некои корисници на социјалните мрежи веруваат дека ова е премногу провокативно за свадба, додека други не гледаат ништо спорно.

„Каков лош вкус“, „Ова е пред сè непочитување кон младенците“, „Што е спорно? Тие знаеја што да очекуваат од нејзиниот настап“, се некои од коментарите. Подоцна таа носела кожен комбинезон со исечоци, кој исто така привлече внимание.

Пред настапот, таа позирала со младенците и наздравила со шампањ. Индиските медиуми објавија дека оваа свадба чинела дури 6,7 милиони долари, а прославата траела три дена.Присутни биле многу боливудски ѕвезди, меѓу кои Ранвир Синг, Мадури Диксит, Крити Санон, Шахид Капур, Нора Фатехи, Жаклин Фернандез и Каран Џохар.

Диџеј Тиесто бил меѓу изведувачите. Доналд Трамп помладиот и неговата девојка Бетина Андерсон исто така присуствувале на церемонијата. Тие биле снимени како танцуваат на сцената, двајцата облечени во традиционална индиска облека.