Џесика Алба го довела својот деловен изглед до совршенство

Во потрага по совршена дневна комбинација, „ѕирнавме“ во ормарот на една од омилените ѕвезди на уличниот стил – американската актерка Џесика Алба.
Од своите први улоги во холивудските филмови до денес, кога се наоѓа зад деловното царство наречено „Honest Company“, Џесика Алба се трансформираше од тинејџерска ѕвезда во успешна деловна жена.
Освен по филмовите како „Sin City“ и „Honey“ кои ѝ ја обезбедија титулата на миленичка на публиката, Алба е позната и по својот беспрекорен моден стил кој со години ја држи на листите на најдобро облечени холивудски ѕвезди.


Секогаш во чекор со најновите модни трендови, но истовремено одмерена, едноставна и доследна на себеси, Џесика во својот ормар секогаш ги крие најдобрите модни парчиња и модни додатоци на сезоната во кои секогаш изгледа одлично. Сепак, наши фаворити секогаш се комбинациите во кои ја гледаме на градските улици.


Еден од омилените трикови на Алба е спојот на елегантните и лежерните модели, а токму во лежерната елеганција пронашла совршен деловен стајлинг за пролетната сезона.
За денот во канцеларија, актерката одбрала комбинација од беж блејзер со нагласени рамена, блуза и црни панталони со широки ногавици, а за да му даде доза на лежерност на целиот стајлинг, го надополнила со бели патики и спортски чорапи. Дополнителен „зачин“ е и големиот ѓердан, како и очилата, но и дури две дизајнерски чанти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.