Џејми Оливер го откри својот таен рецепт за палачинки

Многумина мислат дека палачинките лесно се прават, но дури и со вакви рецепти од врвни мајстори има простор за грешки. Познатиот готвач Џејми Оливер ги сподели својата техника за тоа како да се добијат совршени палачинки.
Џејми Оливер ги откри своите главни совети за тоа како да добиете технички совршени и по вкус неодоливи палачинки. Соодветно на тоа, тој објасни како да ги испечеме, но нагласи дека најмногу внимание треба да ѝ се посвети на смесата.
Имено, тој сподели еден од неговите најдобри рецепти на својот канал на YouTube користејќи една чаша обично брашно, чаша и пол млеко, три јајца и малку морска сол.
Ги стави овие четири состојки во сад и ги матеше додека не исчезнат грутките, а смесата стана мазна.
Сепак, иако смесата е успешна и натаму постои можност рецептот да не успее ако не користите правилна техника за печење, па Џејми со едноставни чекори објасни како всушност тоа треба да изгледа.


Откако овој славен готвач ја остави смесата да „одмори“, стави широк сад на среден оган и го премачка со путер за да не се лепи смесата. Потоа во неа истури истури дел од смесата, доволно за да ја покрие целата површина.
Ја печеше едната страна од палачинката една минута, а потоа со рацете ја подигна и ја преврте наопаку. наместо раце можете да користите некој кујнски прибор или, ако сте вешти, да ја фрлите палачинката во воздухот.
На крај, важно е да се нагласи дека двете страни на палачинката треба да се печат една минута пред да биде подготвена за јадење.
„Ако печењето ви трае предолго, зголемете ја температурата, а доколку се пече премногу брзо, тогаш намалете ја. На тој начин ќе добиете убава, лесно златна палачинка, а во исто време свилена и мека”, рече Џејми Оливер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.