Џими: „Македонец станав кога фатив промаја“

Празнично расположени, јајцата исфарбани, домашната пита испечена и носијата спремна – како што треба да ги пречекаме нашите гости на тема карактеристики на Македонките и Македонците токму на ден Велигден.

Не сме прави Македонци ако во некоја тегла од Мајонез не чуваме некаква зимница, не сме ние вистинските ако во пластична кутија од Еурокрем не чуваме сарми и не сме Македонци ако не свадба не го заиграме нашето оро, така велат.

Колку од вас од своите мајки ја слушнале реченицата „јас те родив, јас ќе те решам“?

Ако се пронајдовте во сите овие македонски карактеристики повелете изгледајте ја емисијата доколку сѐ уште не сте го сториле тоа и да видиме што уште го прави Македонецот вистински Македонец.

Гости ни се Симон Поликарп – Џими, шеф Марк Де Јонг, Зоран Кузмановски – Брко и Елена Јовчевска, па да видиме како ние изгледаме и во очите на странците.

Знае ли Џими што се тоа уроци или пак дали некогаш го фатило промаја? Тој ќе каже дека на почетокот не знаел и се чудел зошто луѓето се плашат од таа промаја, но после сфатил, промајата го фатила и официјално станал Македонец. Тој исто така смета дека Македонија е библиска земја и оти ние не треба да се плашиме од уроци.

Слично искуство со промајата имал и шеф Марк така да можеме да заклучиме дека промајата е една од нашите заштитни знаци. Добро… и колекцијата на ќеси во ќеси исто така. 

Гледајте ја празничната емисија на „Нешто конкретно“ преку следниот линк, а новото издание од оваа сезона веќе следната недела во 17.00 часот на Телма.

ЏИМИ: Мора да сум Македонец – Не можам без ајвар и толчени суви пиперки! Nesto Konkretno S03E27 (youtube.com)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.