Се готви многу едноставно и секој член на семејството може да ја подготви како одлично изненадување.
СОСТОЈКИ:
- 3 јајца
- сол
- шеќер
- 300 мл. млеко
- 9 големи лажици брашно
- 1 ванилин шеќер
- Масло за готвење
- Еурокрем, мед или џем по избор
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Јајцата се матат пенасто со миксер. Во текот на матењето додаваме малку сол и малку шеќер.
- Во смесата се додаваат брашното, млекото и ванилиниот шеќер.
- Во сад за печење се додава тенок слој масло за готвење и се става да се загрее на температура од 200 степени.
- Во загреаниот сад се додава подготвената смеса за палачинка. Се пече 20 минути на температура од 180 степени.
- Се остава да се излади и потоа се филува по желба. Потоа се витка како ролат и се посипува со рендана чоколада или, пак, цимет, ореви мелени и слично по избор.
Не пропуштајте и ова: