1995 – Џони Гринвуд
Гитаристот на „Radiohead“, Џони Гринвуд, бил примен во болница откако од увото му течела крв. Проблемот бил дијагностициран како да произлегол од движење на раката од непрекинато свирење гитара.
Легендарниот Џони Гринвуд, гитаристот заслужен за откачените солажи на Radiohead, кога аплицирал да биде член на бендот излажал дека знае да свири на сентисајзер за да воопшто да го ислушаат, откако виделе колку добро ја владее гитарата станал главен гитарист.
1987 година – Дејвид Боуви
Дејвид Боуви свиреше концерт во Западен Берлин пред Рајхстагот, а звучниците биле насочени кон блискиот Берлински ѕид каде што стоеле и слушале илјадници млади жители на источен Берлин
На Дејвид Боуви не му е потребна никаква најава, сите знаеме барем некоја песна од него. Емоциналниот и авангардниот уметник од секогаш се трудел да внесе подлабока порака во неговата музика, со инспирација од други уметници како Сид Барет, Лу Рид итн.
1977 година – Лед Цепелин
Лед Цепелин ја одиграа првата од шесте распродадени вечери во Медисон Сквер Гарден, во Њујорк Сити за време на нивната 11-та и последна турнеја во Северна Америка. Играјќи сет од 3 часа, билетите чинеле 8,50 – 10,50 долари.
Лед Цепелин се уште едно масивно име познато во музичката историја. Експлозивниот и сензуалниот шоуменшип на Роберт Плант заедно со мајсторството на Џими Пејџ, еден од најмоќните гитаристи и рок продуценти, Џон Бонам(го викале Бонзо) кој не престанува да чука на тапаните и Џон Паул Џонс на бас гитарата се комбинацијата позната како Лед Цепелин. Овие четворица пријатели, го имаат формирано бендот и немаат престанато да го надградуваат нивниот талент до крајот на нивната кариера, кога починал Бонзо. Откога умрел нивниот пријател одма престанале со секакви изведби, што кажува многу за карактерот на нивната уметност.