– Западот мора да му каже на Владимир Путин дека Русија повеќе не е империја – изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за „Ести експрес“, нарекувајќи го рускиот лидер „еб*н идиот“.Џонсон направи паралела со Британската империја, велејќи дека иако речиси ништо не остана од она што некогаш беше најголемата империја во светот, Велика Британија е задоволна со својата сегашна улога.Говорејќи во контекст на војната во Украина, поранешниот премиер повика Украина да се приклучи на НАТО и го критикуваше „хронично двосмислениот“ пристап на Алијансата кон Киев.
Boris Johnson with a message for Putin:“Estonia, Latvia, Lithuania and Ukraine are no longer part of the Russian Empire. It’s over, Vladimir, you f***ing idiot, no more Russian Empire” pic.twitter.com/o31i7PNsQD— Visegrád 24 (@visegrad24) January 11, 2025
Додека беше премиер, Џонсон беше еден од најголемите поддржувачи на Украина на почетокот на војната и неколку пати го посети Киев за време на конфликтот.Поранешниот шеф на британската влада изјави за балтички весник дека руската војна е „архаична и варварска“ и дека „Москва треба да научи дека Естонија, Летонија, Литванија и други земји исто така повеќе не се дел од Руската империја“.– Естонија, Летонија, Литванија и Украина повеќе не се дел од Руската империја. Готово е Владимир, еб*н идиоту, нема повеќе Руска империја – му порача Џонсон на Путин.