четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џон Траволта го прослави својот 70-ти роденден – откри кој е неговиот омилен подарок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Џон Траволта го прослави својот 70-ти роденден.

На фотографијата објавена на неговиот Инстаграм профил, Траволта ги дува свеќите на роденденската торта а опкружен е со неговото семејство и најблиските. До него е и неговото домашно милениче – кучето Peanut.

Филмската ѕвезда исто така откри дека заедно со семејство биле на скијање за да ја одбележат оваа пригода а објави и видео од неговиот син Бенџамин(13).

„Ова е мојот омилен роденденски подарок. Гледајќи го мојот син Бен како скија се подобро! Многу сум горд на него“, напиша Траволта на видеото.

Неговата ќерка Ела, исто така, сподели емотивна порака за да го одбележи роденденот на нејзиниот татко.
“Среќен роденден на човекот кој е секогаш покрај мене и кој секогаш носи светлина и убавина на овој свет. Те сакам до месечината и назад” напиша Ела (23) во описот на заедничката фотографија што ја објави на Инстаграм.

Извор: John Travolta celebrates turning 70 with ‘favorite birthday gift’ – ABC News (go.com)

– Реклама –








Поврзани вести