Тост лепчиња со намаз од авокадо, јајца и сланина – совршен протеински оброк за сите кои се хранат здраво

Во потрага сте по оброк кој ќе ве засити, а сакате да биде полн со протеини и здрави масти? Го имаме вистинскиот рецепт за вас – црно лепче, со намаз од авокадо, јајце „на око“ и крцкава сланина.
Единечна порција содржи околу 380 калории, 26g масти, 20g протеин и 19g јаглени хидрати од кои дури 9g растителни влакна.
Потребни состојки:
1 големо, зрело авокадо
1 лажица сок од лимон
Сол и бибер по вкус
4 јајца
4 парчиња црн тост леб (со цели зрна)
4 парчиња сланина
Шери домати (по желба)


Начин на подготовка:
Изгмечете го авокадото со помош на виљушка и додадете го сокот од лимон и сол по вкус.
Испржете ги јајцата на око на сосема малку масло на средно висока температура.
Откако ќе ги зготвите јајцата испржете ја и сланината додека не стане крцкава.
По желба, потпечете ги лепчињата доколку сакате крцкав вкус.
Врз секое од нив ставете од намазот од авокадо. Врз секое лепче ставете по едно пржено јајце и зачинете по вкус. Додадете и сланина и шери домати, по желба.
По желба може да додадете и повеќе зачини, како лук и кромид во прав, копар, како и други состојки како лут сос, пармезан итн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.