Во продукција на PMGJazz излезе новото издание на „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐮𝐬𝐭 𝐎𝐟 𝐓𝐡𝐞 𝐏𝐞𝐫𝐢𝐬𝐡𝐚𝐛𝐥𝐞 𝐖𝐨𝐫𝐥𝐝“, на Николас Скордас, Благојче Томевски, Владан Дробицким Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Драган Теодосиев.
„Ова е второ издание, кулминација на соработката Скордас-Теодосиев-Томевски (првиот албум, Re-absorption of Light, исто така на PMGJazz), само што овој пат триото е зголемено во секстет. Необичните инструменти во составот им ги обезбедуваат на музичарите сите спектрални алатки потребни за да го доловат целосниот опсег на комичната дихотомија својствена за балканското искуство: каде звукот на разни традиционални мали флејти ги пробива обемните, пософистицирано изразени акорди на гитара. Оваа музика е чист балкански фри-џез пандемониум, но на најдобар начин. Како туристички водич кој е добро информиран за фри-џез практиките на почитуваните 60-ти, таа ве фаќа за рака и ве носи во запуштениот дел на Осоговските планини. Се наоѓате во некоја темна шума, каде што дивите свињи слободно шетаат, а огромните букови стебла ви обезбедуваат покривка додека ги избегнувате куршумите од ловокрадците. Навечер сте сведоци на некој таен пагански ритуал, наидувате на некои чудни печурки и ја гасите жедта пиејќи ладна-ладна вода директно од изворот. Можеби подоцна ќе пробате некоја од шумските плодови…“ стои во рецензијата на „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐮𝐬𝐭 𝐎𝐟 𝐓𝐡𝐞 𝐏𝐞𝐫𝐢𝐬𝐡𝐚𝐛𝐥𝐞 𝐖𝐨𝐫𝐥𝐝.“