Бизнисменот Сеад Кочан повеќе не е на чело на Трансмет

Не сум дел од мeнаџерскиот тим на компанијата –  изјави тој во писмен дoпис на прашањата на 24 Вести. Сега управител е неговиот брат Чедо Кочан. Досегашниот прв човек на компанијата, која го доби последниот тендер за обнова на обиколницата во непосредна спогодба, тврди дека се било според законот. „Иако во моментот не сум повеќе дел од менаџерскиот тим на Трансмет најодговорно тврдам дека компанијата секогаш јавно, транспарентно и согласно законските процедури постапувала на вакви или слични проекти. Согласно договорот ве уверуваме дека Трансмет со сиот капацитет ќе се држи до договорните временски агенди, односно до зацртаниот план и програма на работа“, напиша Кочан во дописот посочувајќи дека целата постапка била спроведена во согласност со важечките процедури и законски норми. 
 
По изборот Трансмет да ја реконструира обиколницата по августовските поплави, реагираа дел од експертите и опозицијата, која обвини дека дури три месеци по поплавите, обиколницата допрва ќе ја обновува фирма одбрана по итна постапка. 
 
Дел од поранешните антикорупционери велат дека во случајот, една од дилемите е зошто изборот е направен по итна постапка, преку непосредна спогодба. 
 
Вчера, и од Министерството за транспорт и врски рекоа дека постапката била транспарентна и законска. Покани за преговарање биле доствени до пет фирми а како најдобра била одбрана понудата на Тренсмет. Оваа компанија веќе доби тендери за проектот Скопје 2014, како и тендерот на АД Електрани за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола во вредност од 38 милиони евра. Од 2012-та до денес Трансмет добила над 63,4 милиони евра од државни тендери. 
 Transmet e opstestveno odgovorna kompanija koja sekogas pomaga i ma graganite i na instituciite sekogas koga i da imaat potreba megudrugoto i vo delot so spravuvanje so prirodni nepogodi
Трансмит е општествено одговорна компанија која секогаш помага и на гра
ATOVSKA TRANSMET KOCAN 28 10 by 24vesti„Иако во моментот не сум повеќе дел од менаџерскиот тим на Трансмет најодговорно тврдам дека компанијата секогаш јавно, транспарентно и сог

Пронајдете не на следниве мрежи: