четврток, 12 ноември 2026
Најново

Масовна тепачка на малолетници во Чаир

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две групи на малолетници вчера околу 10 часот го нарушиле јавниот ред и мир на ул. „Коста Абрашевиќ“ со меѓусебна тепачка. -Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години , сите ученици од основното училиште „7-ми март“, информираат од полицијата.
Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки.
До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи, а на местото се сретнале по претходен договор.
Полицијата презема мерки за  целосно расчистување на настанот. -Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средн

Поврзани вести