Ниту една лага на СДСМ нема да го покрие срамот од чинот на финансиски тероризам кој го изврши СДСМ и поради кој граѓаните се директно оштетени за 25 милиони евра.СДСМ попусто се обидува преку манипулациите и измислиците од Фабриките за афери да ја дефокусира јавноста од нивниот антидржавен обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.
За таа цел СДСМ се претвора во „жолт-печат“, таблоид кој своите соопштенија ги насловува со наслови кои како кај вистински таблоид завршуваат со прашалник и извичник. Лагите и измислиците на СДСМ одамна не проаѓаат кај граѓаните.
Граѓаните знаат дека СДСМ бесрамно одлучи со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата. Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка.
25 милиони евра е штетата која директно ја предизвика СДСМ. Овие пари кои можеа да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ.
Во иста таква вештачки креирана паника со лаги за наводна девалвација на денарот, финансиските терористи од СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев свесно креираа паника и натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.
СДСМ се грижи само за личното богатење, нарушување на угледот на Република Македонија и одржувањето на состојбата на криза и агонија за граѓаните. СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
Интересот за издадената еврообврзница е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат со единствена цел да и наштетат на Република Македонија. Граѓаните тоа добро го знаат и затоа не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите.
СДСМ попусто се обидува преку манипулациите и измислиците од Фабриките за афери да ја дефокусира јавноста од нивниот антидржавен обид за