Се расчистуваат и санираат детските игралишта во општина Кисела Вода

Викендов, општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на сметот од сите детски игралишта на територија на општината.Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани се тимови на сезонски работници кои во текот на денешниот и утрешниот ден интензивно ќе работат низ сите месни и урбани заедници на отстранување на отпадот оставен од несовесните граѓани.
Општината веќе работи на замена и поправка на оштетените реквизити на детските игралишта. Реконструктивните зафати опфаќаат репарирање на детските реквизити и урбаната опрема, а веќе во текот на следната седмица акцијата ќе продолжи со косење на нараснатите тревни површини.
По извршените активности за расчистување и санација, игралиштата ќе бидат подготвени и безбедни за најмладите жители на општината кои слободното време најмногу го минуваат во овие детски катчиња.
Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и зачувување на животната средина и урбаната опрема која има за цел подобрување на ликот на овој дел од градот и обезбедување на квалитетни содржини со кои жителите можат да го исполнат слободното време.Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани се тимови на сезонски работници кои во текот на денешниот и утрешниот ден интензивно ќе работат низ

Пронајдете не на следниве мрежи: