Многу исчезнувања кои се случиле во историјата успеале да бидат разјаснети, но овие за кои што имате можност да прочитате денес сеуште се една голема мистерија.
Имено, во некои од приказните се вмешани НЛО, натприродни сили, вонземјани, духови, но на сите заедничко им е тоа што ги потхрануваат теориите на заговор.
10. Бродот Royal Merchant
Според досегашните информации се смета дека во 1641 година потонал во близина на Корнвол. Сите 18 членови од екипажот се удавиле. Интересно е тоа што во бродот се превезувало злато кое денес вреди повеќе од милијарда долари. Секако, по 300 години тоа сеуште не е пронајдено.
9. Заборавена легија
Маркус Лицинус Красус бил римски генерал и еден од најбогатите луѓе во историјата на светот, а по поразот во битката против Персијците бил обезглавен во близина на денешен Иран. Притоа, 145 луѓе од неговата легија биле заробени и продадени како робови. Подоцна се појавиле тврдење дека на западот во Кина постои село во кое живеат Кинези кои имаат зелени очи и светла коса, а се смета дека тие можеби се потомци на исчезнатите војници. ДНК тестирањето покажало дека две третини од нив имаат европско потекло.
8. Инцидентот во Кинрос
Воениот авион F-89C Scorpion, кој бил управуван од Феликс Монкла пред 60 години тргнал во потера за НЛО што се покажало на радарот. На истиот радар двете точки првин се споиле во една, а потоа засекогаш исчезнале. Иако имало многубројни истражувања за авионот, судбината на двајцата пилоти до денес претставува мистерија.
7. Опседната јахта
На 15 април 2007 година KAZ II тргнал на пат околу Австралија. Три дена подоцна е пронајдена како плови, а од тричлениот екипаж немало ниту трага, ниту глас. Нивното исчезнување е објаснето како чудно, бидејќи се на бродот било нормално, но сепак немало никакви знаци од луѓето.
6. Изгубена колонија
Џон Вајт во 1587 година заедно со уште 100 луѓе основале колонија на островот Роанок крај брегот на Вирџинија. Во тој пак период избувнало војна со Шпанија и тој отишол да се бори против Шпанците. А, кога по три години се вратил, но не ги пронашол ниту луѓето, ниту зградите, односно немало никаква трага освен натписот со зборот „Croatoan“ врежан на ограда, а се однесувал на остров населен со мирољубиви Индијанци. Во врска со овој настан има многу претпоставки, некои од нив се дека биле киднапирани, убиени или асимилирани.
5. Исчезнувањето на B-47
Во 1956 година ескадрила со 4 бомбардери B-47 тргнала на прекуокеански пат кон Мароко секој носејќи две капсули со нуклеарен материјал за рутинска мисија. При второто полнење со гориво низ облаците се спуштиле сите 4 авиони, а излегле само 3. Еден авион исчезнал со тричлениот екипаж. И покрај барањата низ брегот на Мароко, никогаш не е лоцирана авионска несреќа ниту е пронајдена трага за тоа што навистина се случило.
4. Мистеријата на светилникот на островите Фланан
Мистериозно исчезнување на тројца чувари на светилникот се случило во 1900 година. Кога спасувачите дошле во светилникот наишле на навистина чудна ситуација. Креветите биле растурени а на масата имало зготвена храна за јадење. Траги од инцидент немало, а не можела ни да се најде трага од луѓето.
3. Исчезнувањето на екипажот на бродот Joyita
Во 1955 година, по 20 години служба, бродот Joyita бил подготвен за своето последно патување. На ова судбоносно патување запловиле 25 патници и екипаж кои никогаш не пристигнале на својата дестинација. Бродот бил забележен пет недели подоцна делумно потонат, но, како и кај другите бродови траги од луѓето воопшто немало.
2. Исчезнувањето на Фредерик Валентич
Рутинскиот утрински лет над Австралија се покажал кобен за младиот пилот кој пријавил дека некој летечки објект му го попречува летот. Притоа, на снимката јасно се слуша како опишува НЛО.
1. Мистеријата на бродот Mary Celeste
Ова е најпознатиот брод пронајден како напуштен плови илјадници милји оддалечен од својот курс, а на него се е оставено недопрено и нормално, само луѓето како да испариле.