Македонски проект на indiegogo- „Куќата во Куратица“

Напушти го градот и дојди во “Куќата во Куратица”! На овој начин Александар Јосифовски ги мотивира младите, да уживаат во т.н. рурален туризам.Александар на инвентивен начин, преку кратко видео www.youtube.com/watch?v=vNZmFXx2A9A и сајт за донации започна да бара инвеститори со чија помош ќе ја реставрира старата македонска во село Куратица, Охридско.
Јосифовски, кој веќе неколку години е дел од туристичката индустрија во Македонија, е убеден дека животот во село може да понуди многу поголем квалитет, авантура и адреналин отколку било кој поголем град во Македонија.
Миграцијата е интензивна и насочена кон Скопје, а животот во село може да е совршен почеток на авантура, вели Александар кој константно го опсервира и анализира селото Куратица.
“Куќата во Куратица” е инвентивен проект на една група млади луѓе предводени од желбата за развој на заборавените села во Македонија и нивно поставување во туристичката мапа. На оваа идеја динамично работи тимот на Јосифовски кој се надева дека на овој начин ќе собере средства за да ја реновира “Куќата во Куратица”.
При реставрација на “Куќата во Куратица” ќе се задржи архитектурата и основата од минатото, но во исто време на гостите кои се во потрага по автентично искуство ќе се понуди комфорот на денешницата.
Планот на проектот е да се реализира до Јуни 2019та година, а оние кои се подготвени за поголема инвестиција, имаат можност да се стекнат со партнерство. “Може да се инвестира дури и цела сума предвидена за реставрација на објектот, што практично ќе значи дека ќе добиеме партнер со кој ќе продолжиме да ја развиваме оваа идеја, вели Александар.
Целата бизнис идеја е многу поголема, и нуди други можности за развој на руралниот туризам и враќање на младите во село, а може да се погледне на: https://www.indiegogo.com/projects/lets-get-back-to-the-land-the-house-in-kuratica-hotel#/
Александар на инвентивен начин, преку кратко видео www.youtube.com/watch?v=vNZmFXx2A

Пронајдете не на следниве мрежи: