Градежната сезона во Општина Битола е во полн ек. Проектот: Реконструкција на над 100 улици е во 4 фаза на реализација. Во последните 3 месеци интензивно се работи на изградба и асфалтирање на улици и патишта, објекти, партерно и хортикултурно уредување.- Во ИЗ Жабени завршено е асфалтирањето на пристапен пат во должина од 280м и вкупна вредност на проектот 3.198.980 денари.
– Во тек е изведба на последна делница – III дел во АРМ1 – СРУ1 во должина од 1000 метри и вкупна вредност на проектот од 41.000.000 денари.
– Започната е изградба на канализациона мрежа во АРМ како дел од проектот за изградба на 7 улици во должина од 2.8 километри. За реализација на овој проект општина Битола обезбеди средства од Светска Банка.
– Завршена е реконструкцијата на дел од улицата Бул. 1-ви Мај во должина од 400 метри во вредност од 5.073.885 денари.
– На два краци на улицата „Стрчин“ извршена е изградба на атмосферска канализација во должина од 245 метри и фекална од 142 метри. Вкупната вредност на реализираните активности на улицата „Стрчин“ изнесува 2.564.433 денари. За асфалтирање на улицата во должина од 247 метри предвидени се 3.619.020 денари.
– Во населбата Горно Оризари, како дел од проектот „Реконструкција на улица Васил Брклевски и дел од улица „Стара чешма“, извршена е промена на водоводната мрежа во должина од 570 метри и вкупна вредност од 1.821.925 денари. За промена на канализационата мрежа во должина од 700 метри инвестирани се 1.793.602,00 денари. Во тек е асфалтирање на двата краци во должина од 770 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 10.199.990 денари.
– Завршена е реконструкцијата на 14 краци на улица „Бистра“. Како дел од овој проект извршена е промена на водоводна мрежа во должина од 220 метри и вкупна вредност од 487.979 денари.
– На улицата „Бистра“ променета е канализационата мрежа во должина од 950 метри и во вредност 4.725.408 денари. Асфалтирањето е во должина од 1189 метри во вредност од 7.463.500 денари.
– Во тек е подготовка за асфалтирање на два краци од улицата „Широка“ во должина од 826 метри и вкупна вредност на проектот од 13.223.236 денари.
– Улицата „Букова шума“ е подготвена за асфалтирање во должина од 100 метри и вкупна вредност од 545.206 денари. На оваа улица извршени се следните активности поставување на водоводна мрежа во должина од 70 метри и вкупна вредност 144.586, како и канализациона мрежа во должина од 100 метри и вкупна вредност од 229.857 денари.
– Завршена е изградбата на улица „Никола Киров Мајски“, каде што е извршена промена на водоводна мрежа во должина од 170 метри и вкупна вредност 1.901.366 денари, канализациона мрежа во должина од 170 метри и вкупна вредност 3.396.469 денари и поставување на коловоз во должина од 130 метри и вкупна вредност од 2.944.483 денари.
– Во АРМ во тек е дислокација на 35KV кабел – Во тек е изградба на водоводна мрежа на два краци од улица „Рашанец“ во должина од 300 метри и вредност од 2.499.987 денари.
– На улицата „Кузман Шапкарев“ променета е водоводната мрежа во должина од 70 метри во вредност од 131.395 денари. За промена на канализационата мрежа во должина од 100 метри инвестирани се 291.778 денари, а во тек е изградба на скали во должина од 100 метри и вкупна вредност од 646.808 денари.
– На улица „Даме Груев“ во тек е изградба на коловоз во должина од 1059 метри со вкупна вредност на проектот од 23.066.598 денари.
Партерно уредување е изведено на:
– тротоарот на ул.Наум Наумовски Борче (прв дел и тротоар)
-кај паркинг просторот на улица Прилепска
– прв и втор дел од чикмаци на улицата Ѓорче Петров
– На улиците: Браќа Миладиновци, Ѓ.Ѓ Џоџа, Македонска фаланга (прв и втор дел), Димо Хаџи Попов (агол со Вардарска)
– Пристапна патека кај Бар Корзо
– Прередување кај Еврејските гробишта
– Активностите се завршени и на патека во с.Бистрица
– тротоарите наспроти ОУ Даме Груев
– кај чешмата во м.в Ат Пазар
– кај малиот објект на ОУ Даме Груев – улица Рузвелтова
– тротоари на Булевар 1 Мај
– просторот пред Центарот за аутизам
– тротоар на улицата Нико Фундали
– паркинг просторот кај некогашното диско Орфеј Вкупната вредност на изведените бехатонски површини изнесува околу 4 000 000 денари.
– Во тек е изградба на повеќенаменско игралиште и уредување на училишниот двор во село Поешево
– Основното училиште „Стив Наумов“ во соработка со општина Битола обезбеди средства и градежни материјали за комплетно уредување на еден дел од училишниот двор кој во изминатиот период беше неопходно да биде реконструиран и збогатен со нови содржини. Активностите и во овој дел на градот се во тек на реализација
– Во близина на Здравствен дом ЈП Комуналец изгради нова мини фонтана.
Покрај споменатите активности на повеќе локации во градот ЈП Комуналец врши хортикултурно уредување на просторот и збогатување со нови содржини.- Во ИЗ Жабени завршено е асфалтирањето на пристапен пат во должина од 280м и вкупна вредност на проектот 3.198.980 денари.
– Во тек е изве