Од 2010 година од страна на општина Гази Баба се прави субвенционирање на жителите на општината во однос на обврската што ја имаат како водокорисници. Средствата секоја година сукцесивно се префрлаат на ЈП Водостопанство Скопско Поле за чистење и одржување на каналската мрежа.Од страна на ЈП Водостопанство Скопско Поле до Советот на општината се доставува Извештај за нивната активност во текот на целата година, а тоа го знаат и советниците од СДСМ.
Претседателот на ОО на СДСМ Гази Баба, Борче Георгиевски, кој во претходниот мандат беше член на советот на општината, гласаше против Одлуките за префрлување на средства за чистење и одржување на каналската мрежа. Што поточно сака сега да покаже и докаже Г-динот Георгиевски со вакви измислици?! Дека повеќе тој се грижи за граѓаните? Или дека си прави кампања на маката на граѓаните, наместо да помогне во санирање на последиците од поплавите.
Еве ја реалната слика од состојбата на каналската мрежа, направена денес (09.09.2016 г.) на терен, после тродневни врнежи од дожд.Од страна на ЈП Водостопанство Скопско Поле до Советот на општината се доставува Извештај за нивната активност во текот на целата година,