По патот на создавањето на Вива соковите
Дали некогаш сте се запрашале како настануваат ВИВА соковите и како се развиваше ВИВА магијата изминатите години?Ако ВИВА соковите се Вашиот избор во текот на изминатите години тогаш би требало да го знаете и патот како настануваат прекрасните, вкусни и полни со витамини Вива сокови. Затоа тимот на ВИВА низ неколку фотографии се обиде да ви го прикаже патот на создавањето на Вива магијата и ВИВА соковите кои што ви го разубават секој ден. Во компанијата има 70 вработени кои секојдневно со иста посветеност, љубов и ентузијазам се трудaт да ги претворaт даровите од природата во најдоброто за своите ценети потрошувачи. За успешното функционирање, особено значење има тимскиот дух на амбициозни, позитивни луѓе кои ја сакаат својата работа и веруваат во она што го нудат, а тоа се токму ВИВА соковите.
Утрото подранува во фабриката Вивакс, каде сè започнува во 6.00 часот наутро. Директорката на производство, Димитрина Пандилова веќе е тука да провери дали се направени сите подготовки. Откако материјалите по работниот налог се веќе донесени, машините измиени и дезинфицирани, следи припрема на сокот што тој ден ќе се произведува.
Во производниот погон се подготвуваат машините за старт на полнењето, а во фабричката лабораторија се проверува избалансираноста на сите состојки на Вива сокот, за да го има секогаш истиот, проверен и совршен вкус.
Во 7.00 часот, откако се е веќе припремено и проверено, полнењето на Вива сокот може да започне.
И тука на овој дел од патот на создавањето на сокот, нашите прехранбени технолози се постојано присутни и внимаваат се да тече во совршен ред. Сè се одвива во една постојано надгледувана и контролирана линија на движење: дали се добро формирани шишињата, како се измиени и дезинфицирани, дали се добро наполнети, дали се добро затворени. Контролата е сеопфатна и постојана. Емилија Митевска, одговорна за контрола на квалитет будно го прати квалитетот на суровините, целиот пат на производство и пакување и секако готовиот производ.
Веднаш по полнењето, шишињата со сок се затвораат за да целата магија, вкусна и освежувачка остане безбедна внатре.
Откако затворањето на сокот е завршено, совршено подредени во линија на транспортната лента, на наполнетите шишиња се аплицира датумот на производство и времето на полнење, за потоа да го продолжат патот кон машината за етикетирање, каде се ставаат етикетите на секое шише со сок.
Етикетите не само што го разубавуваат производот, туку имаат и многу значајна улога за секој наш потрошувач. Тие го информираат потрошувачот за составот на производот, каква е неговата енергетска и нутритивна вредност, како треба да се чува и слично, за да може секој потрошувач да го избере својот омилен сок и да го консумира во саканата количина.
Пред шишињата со сок да се упатат кон последната фаза од патот, уште еднаш поминуваат низ контрола, но овој пат визуелна, секое шише се гледа и се проверува, дали е добро наполнето, затворено, етикетирано, со еден збор, совршено како и сокот внатре.
И токму тука, во оваа фаза, каде процесот на производство е завршен и конечниот изглед на амбалажата на Вива соковите е дефиниран, Маркетинг директорката Тања Атанасова прави секојдневна посета за да се осигура дека приказната за ВИВА соковите и магијата која ја носат може да започне.
На самиот крај на линијата, производите на Вива се пакуваат во соодветните, се редат на палета и се испраќаат во магацинот за готови производи.
Оттука, секојдневно камионите на Вива ги испорачуваат соковите во маркетите и другите продажни објекти во Македонија и соседните држави, а со цел да бидеме секогаш блиску до вас.
Ако ВИВА соковите се Вашиот избор во текот на изминатите години тогаш би требало да го знаете и патот како настануваат прекрасните, вкусни и полни