10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Зарем животот не почнува одново секое лето? Ако ова е вистина, потребно е да се чувствувате најдобро и најубаво што може за навистина да уживате во „новиот“ живот. Ако ви е потребна мала помош за тоа, овие женски трикови сигурно ќе ви се најдат.


1. Користете бебешка пудра како дезодоранс
Нанесете малку бебешка пудра под пазувите за да ја спречите влажноста и миризбата. Пудрата е направена од природно пченкарно брашно и одлично апсорбира. Можете да ја употребувате и за вашите чевли ако имате проблем со потење на стапалата.
2. Ластичиња на очилата за сонце
Сигурно веќе знаете како изгледа кога очилата постојано ви паѓаат. За среќа има решение и за тоа. Ставете мали ластичиња на краевите на очилата. Ова ќе ги држи на вашето лице.
3. Кокосово масло
Сакате да се бањате во базен, но загрижени сте за влијанието на хлорот на вашата коса? И за ова има решение – пред да влезете во базенот нанесете кокосово масло на вашата коса. Ова ќе ѝ додаде сјај и ќе го спречи сушењето.


4. Потемна пудра за лице
Потемнувањето на кожата во лето е неизбежно. Но, купувањето нова пудра со секое потемнување не е исплатливо. Едноставно додајте малку течен бронзер во пудрата пред да ја нанесете и ќе ја добиете нијансата што ви одговара.

5. Мраз од кафе
Топлите денови се за студени пијалаци. Колку од вас го започнуваат денот со чаша ледено кафе? Сигурно не ви се допаѓа кога кафето ќе се разводени од мразот. За да го избегнете ова, ставете обично црно кафе во калапите за мраз и замрзнете го.

6. Исушете ги пазувите
Прекумерното потење може да му се случи секому, особено во лето. Ако носите блуза со кратки ракави и не сакате дамки, едноставно ставете влошка на делот под пазувите.


7. Футрола од кеса
Сакате да го заштитите телефонот од песок и вода кога сте на плажа? Едноставно ставете го во пластична кеса со патент.
8. Мраз со алое вера
Неретко се случува да изгориме додека сме на плажа. За да го намалите црвенилото и да ја смирите иритирана кожа можете да употребите гел од алое вера. Но за уште подобри резултати, ставете го гелот во калап за мраз, замрзнете го и потоа втријте го на изгорените делови.


9. Спречете го паѓањето на градникот
Изминативе неколку години блузите без прерамки и рамена се навистина познати. Со нив воопшто не изгледаат добро видливи рамки од градникот. За да го спречите паѓањето на градниот без прерамки, можете да користите лепило. Доволно е да нанесете малку лепило за хартија, само осигурете се дека не сте алергични на него.
10. Здолниште отпорно на ветар
Колку пати не сте го облекле омиленото здолниште бидејќи дувало ветар? Со овој трик повеќе ќе го немате тој проблем. Ставете неколку монети на дното на здолништето и зацврстете ги со лепило.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.