Прво извршете ја тешката задача
Успешните луѓе наутро се свежи и подготвени за движење. Затоа утрото е најдобро да се заврши она најтешкото што ве чека во текот на денот.
Поврзете се со партнерот
Поразговарајте со партнерот за плановите за тој ден за да бидете двајцата во тек со настаните. Можете дури и да одредите еден работен ден во неделата кој ќе биде вашиот ден за заеднички појадок, кога ќе појадувате и не на брзина. Или пак, може и да одите негде заедно на појадок.
Планови и стратегии
Добро е секое утро да посветите десетина минути на визуелизација на вашите планови и цели, стратегии за претстојниот ден.
Релаксација
Релаксирајте се и прочистете го умот, малку забавете. Не брзајте. Дали знаете дека 90% од болестите се случуваат од стрес? Затоа престанете наутро да брзате.
Време за децата
Не дозволувајте еден ден да кажете како ви пораснале децата, а не сте ни забележале. Посветете им време наутро, помогнете им во облекувањето, направете им појадок, прашајте ги дали сонувале нешто и слично. На крајот на краиштата, работите напорно за му овозможите на семејството подобри услови за живот.
Не си дозволувајте работата да ве оддели од семејството.
Пронајдете не на следниве мрежи: