Секое дете може да се однесува лошо одвреме-навреме, а бидејќи многу деца имаат проблем со регулирање на сопствените емоции, понекогаш ова однесување може да биде почесто.
Но, доколку не се работи за повремена појава, туку состојба која постојано се повторува или воопшто не поминува, психолозите тврдат дека тогаш би можело да се работи за разгалено дете.
Имено, како што објаснуваат, постојат одредени знаци кои јасно можат да укажат дека нашето дете е разгалено или би можело да стане.
Овие знаци се следните:
детето не го прифаќа зборот „не“
бурно реагира на непријатни или лоши вести
никогаш не сака да се прилагоди на другите
одбива да ги следи правилата
често има изливи на бес (тантруми)
не сака да помага или да учествува во домашните работи
никогаш не кажува благодарам
никогаш не сака да ги споделува своите работи со другите
никогаш не покажува емпатија
не му е грижа дали неговото однесување им штети или ги загрозува другите