Знаеме што најмногу сакате да правите со партнерот под прекривките, но во деновите кога не сте баш расположени за акција, можете да пробате некои од овие работи. Сигурно ќе си поминете незаборавно, додека истовремено и ќе ја подобрите вашата интимност.
1. Гушкајте се
Тоа може, но и не мора да води до секс.
2. Гледајте ја омилената ТВ серија цел ден, сè додека не заспиете
Ако сте зависници од серии, а не ги гледате од кревет, нешто не е во ред.
3. Направете тврдина
Зошто да не? Имате сè што ви е потребно – перници и прекривки.
4. Масажа
Пружете си кратка масажа за опуштање.
5. Масажа на стапалата
Оваа масажа навистина ќе ве релаксира.
6. Секаква масажа!
Уживајте во секоја масажа што ќе ви падне на ум.
7. Појадувајте
Не мора да биде баш појадок, но ова ќе биде одлична причина за да се разбудите. Особено во недела.
8. Спијте
Буквално спијте. Прегрнете се со партнерот и одморете се неколку часови.
9. Впуштете се во некој длабок разговор
Ова е релативен поим, но дефинитивно постојат теми кои ќе ве држат будни цела ноќ. Замислете да ја барате смислата на животот веднаш по будење.
10. Борба со перници
Разбудете го детето во себе и борбата може да почне!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.