10 намирници што визуелно го намалуваат стомакот

1. Бадемите се богати со витамин Е, кој е одличен за младешки изглед на кожата и се богати со протеини и омега-3 масни киселини. Избегнувајте индустриски посолени бадеми бидејќи солта предизвикува надуеност и ограничете го внесот на максимум 20 парчиња.
2. Чаша чај од нане, ѓумбир или камилица е одличен „отстранувач“ на гасовите, кои може да се насоберат во телото и визуелно да го зголемат обемот на стомакот.
3. Слаткото овошје како јаболката и грозјето предизвикуваат надуеност, па затоа е подобро да го замените со јагоди, малини и грејпфрут. Ова овошје содржи вредни хранливи материи и антиоксиданти кои го штитат организмот од разни болести, а содржат и многу вода.


4. Аспарагусот има ефект на пробиотик што го стимулира варењето на храната и ги чисти цревата. Во 100 грама аспарагус има само 35 калории, па можете да уживате во овој специјалитет без двоумење.


5. Шолја грчки јогурт со малку маснотии и со малку бобинки е добра комбинација за ужинка, но и одличен извор на пробиотици кои го штитат здравјето на дигестивниот тракт.


6. „Измамете“ го гладот со дршка целер што ќе ја потопите во две лажици намаз од наут (хумус). Богатството на диетални влакна гарантира ситост и го стимулира варењето на храната.
7. Диеталните протеини како што се бело пилешко месо, мисирка или риби, подготвени со малку масло на скара, се одлични забрзувачи на метаболизмот. Тие му помагаат на телото поефикасно да согорува калории.


8. Папајата содржи ензим за варење кој го забрзува „преминот“ на храната низ телото. Ограничете го внесувањето на ова егзотично овошје на 200 грама на оброк.
9. Кога сте гладни, посегнете по половина авокадо. Ова овошје е преполно со здрави масти кои заситуваат.
10. Кога ќе бидете гладни, испијте една чаша вода. Понекогаш јадете затоа што всушност сте жедни. Водата е неопходен елемент во човечкото тело бидејќи го стимулира исфрлањето на токсините од телото и ги забрзува метаболизмот и варењето на храната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.