10 ПРЕДНОСТИ НА ЦИМЕТОТ ШТО МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Циметот е еден од најстарите познати зачини, а се споменува дури и во Библијата. Поради своите лековити својства долго време бил користен во различни медицински традиции во светот, а модерните научни истражувања потврдиле дека навистина циметот има потивен ефект кај многу болести. Така на пример, докажано е дека овој зачин може да помогне кај гастритис, дијабетес, зголемен холестерол, голем број на бактериски инфекции и многу други болести.

10 ПРЕДНОСТИ НА ЦИМЕТОТ ШТО МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Циметот е зачин кој се добива од ниско дрво што личи на грмушка, а припаѓа на фамилијата ловори. Кората на дрвото и листовите се ароматични, додека цветовите имаат непријатен мирис. Младите гранки на дрвото се сечат и им се лупи кората, а внатрешната кора се суши и се обликува во стапчиња со црвеникаво-кафена боја. Најмалите стапчиња се вметнуваат во поголемите, а потоа подеднакво се сечат. Во денешно време, ова дрво се одгледува скоро во сите тропски земји во светот.

Треба да се спомене дека не секој цимет е лековит. Лековитиот цимет се добива само од видот Cinnamomum zeylanicum Nees, кој потекнува од Шри Ланка (цејлонски цимет). Сличен состав има касијата (кинески цимет) кој се добива од видот Cinnamomum cassia Blume, по потекло од Бурма. Овој цимет најчесто се продава во нашите продавници, но не е лековит како цејлонскиот цимет.

Лековити својства на циметот

Во минатото циметот се користел како природен лек за многу болести, а модерните истражувања го докажале неговото позитивно влијание. Потврдено е дека циметот помага при:

воспаленија и инфекции
го спречува ширењето на леукемија и лимфома
ги ублажува проблемите при варење
го регулира нивото на шеќер во крвта
помага при слабеење
ги ублажува ревматските болки
ја подобрува активноста на мозокот
го намалува количеството на лош холестерол
ги ублажува менструалните болки
Циметот содржи високи нивоа на антиоксиданти и феноли, кои помагаат при инфекции. Антиоксидантите во циметот го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за слатко. Истражувањата покажале дека со конзумирање на само половина кафена лажичка цимет дневно може да се намали нивото на лош холестерол, а може на истиот начин да се користи и за намалување на болки предизвикани од артритис. Имено, едно истражување направено на Универзитетот во Копенхаген покажало дека луѓето кои секое утро земале по половина лажичка цимет во комбинација со лажичка мед веќе по 7 дена забележале значително намалување на болки предизвикани од артритис, а веќе после месец дена можеле да одат без болка.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА НА СТРАНАТА 2 ПОДОЛУ КАДЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА НА ЦИМЕТОТ⬇⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.