10 ПРЕДНОСТИ НА ЦИМЕТОТ ШТО МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Истружувањата кои, пак, ги спровеле научниците од Американскиот Институт за земјоделство, докажале дека циметот го спречува ширењето на леукемија и канцерогените клетки на лимфомата.

Циметот има и одличен ефект кога се работи за габични инфекции, кои често се отпорни на лекови. Така, научниците од Универзитетот во Канзас потврдиле дека циметот е делотворен против бактеријата Ешерихија Коли, а поради неговите бактериолошки својства, циметот може да се користи и како природен конзерванс. Едноставно додадете го во храната, а тој со своето делување ќе го спречи нејзиното расипување и создавање на бактерии. Циметот често се користи и во гумите за џвакање бидејќи е добар освежувач и го отстранува лошиот здив, кој исто така е предизвикан од бактерии.

Понатаму, докажано е дека мирисот на циметот ја стимулира работата на мозокот, а помага и при стрес и го спречува губитокот на памтењето. Со мирисање на цимет можете да ги подобрите мозочните функции и расположение. За оваа цел најдобро е да се користи етеричното масло од цимет.

Ако сакате, пак, да го изгубите вишокот на килограми, пробајте ја комбинацијата од мед и цимет. Помешајте една кафена лажичка мед со половина лажичка цимет. Оваа мешавина сварете ја во малку вода (колку што собира една шолјичка за кафе). Напитокот поделете го во два дела, едната половина за наутро – половина час пред појадокот на празен стомак, а втората половина испијте ја половина час пред да одите на спиење. Резултати ќе забележите веќе после две недели.

Како да се користи циметот

Циметот кај нас може да се најде во форма на прав и стапчиња. Можете да го додавате во колачи, овошни салати, сосови, различни напитоци и компоти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.