10 работи кои вашиот партнер не треба да ги бара од вас

  1. Да ја напуштите работата

Некои мажи својата машкост ја дефинираат доколку станат хранители во врската. И ако за некои парови ова функционира, за некои не- доколку тој инсистира да ги скратите вашите таленти, способности или професионални планови.

  1. Притисок за сексуални игри кои не ви се допаѓаат

Сексот е толку интимен чин , а вашиот партнер секогаш треба да ги почитува вашите желби и потреби во спалната соба- тоа значи неприсилување на нешто што не ви се допаѓа или не ве интересира. Ако партнерот ве присилува на нешто за кое сте кажале “не”, тоа значи дека тој не ве почитува и дека своите сексуални потреби ги става над вашата удобност и сигурност.

  1. Ви забранува да разговарате за некоја тема

Без разлика дали се работи за вашата мајка, поранешен партнер или нешто друго, сите имаат тешки теми за кои не би сакале да зборуваат. Но избегнување на разговор за важни работи кои влијаат на вашата врска може да биде многу штетно, особено ако партнерот ви го одзема правото на ваши чувства.

  1. Ве присилува да трпите непочитување од семејството

Без разлика дали станува збор за вашето или неговото семејство, никој не би требало да трпи непочитување, а ниту еден партнер кој ве сака не треба да го поддржи тоа, напротив, треба да ве штити.

  1. Бара да прекинете пријателство

Вашиот партнер може нема да ја сака ниту вашате сестра, а не пак најдобрите пријатели/пријателки. Но сепак, тој треба да ги почитува заради вас. Партнерот никогаш не треба да ве доведе до ситуација да треба да одберете помеѓу него и вашите пријатели.

Наместо тоа, може да ви ги каже неговите чувства и размислувања за тие луѓе доколку влијаат негативно на вас, но крајната одлука за тоа кој ќе остане во вашиот живот е само ваша.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.