Поминаа 32 години откако е објавен најславниот божиќен филм Home Alone. Сепак, има многу детали поврзани за филмот, а за кои многумина сè уште не знаат.
Одвоивме 10 интересни работи кои веројатно не сте ги знаеле за „Home Alone“:
Со недели барале куќа за филмот
Режисерот Крис Колумбус и неговата екипа со недели барале куќа идеална за семејството Мекалистер. На крајот, ja одбрале идеалната куќа.
Во филмот се појавува и братот на Меколи Калкин
Помладиот брат на Калкин се појавува во улогата на негов братучед во филмот „Home Alone“. Киеран и Меколи заедно се појавија и во „Home Alone 2“.
Сценариото е напишано за 9 дена
Џон Хјуз првиот нацрт на сценариото го направил за само 9 дена. Филмот е напишан по семејно патување во Европа, откако сценаристот помислил што би се случило ако си го остави 10-годишниот син сам дома.
Џон Кенди повеќето сцени ги импровизирал
Актерот Џон Кенди на снимањето секогаш бил подготвен за импровизација.
Во филмот требало да се појави и Роберт Де Ниро
Актерот бил еден од изборот за улогата на натрапник пред да реши продукцискиот тим улогата да му ја додели на Џо Пески. Но, режисерот додава дека Де Ниро секако никогаш не ни разгледувал да ја прифати таа улога.
Калкин го импровизирал еден од најпознатите моменти во филмот
Реакцијата на Кевин на ставањето лосион по бричење веројатно е една од најпознатите сцени во филмот, но сцената не е снимена според сценариото.
„Angles With Filthy Souls“ не постои
Филмот што Кевин одлучи да го гледа не постои, сцената на телевизорот е создадена специјално за сам дома.
Куќичката на дрво не била во дворот
Направена е специјално за филмот и потоа е урната при крајот на снимањето.
Целиот филм е снимен на подрачјето на Чикаго
Сцените кои наводно се направени на аеродром во Париз всушност се снимени во Чикаго.
Колумбус ја додал една од најтрогателните сцени
Колумбус имал прекрасна визија за ликот на старецот Марли, па го додал разговорот меѓу Кевин и него.
„Го додадов моментот кога Марли зборува за тоа дека не може да си ја види внуката. Го додадов и самиот крај на филмот, кога Кевин ќе види дека Марли е повторно со својата внука“, изјави претходно режисерот.