10.000 нови лица станале социјални случаи

Нови 10. 000 семејства станаa корисници на социјална помош за една година. Корона кризата удри по најсирмашните. Статистика објави дека лани 32.345 домаќинства биле корисници на социјална помош. Во 2019 та оваа бројка беше за 44% пониска, или статистиката изброи скоро 22.500 социјалци. Овие лица живеат со максимум 12,000 денари, ако станува збор за 4 члено семејство со едно работонеспособно лице. Според министерството за труд сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари,а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со 2 возразни и 2 деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од државаа.
Според истражувањето на Фајнанс Тинк, пандемијата најсилно ги погоди најмалку платените работници. Од нив, 7 илјади останаа без работа и тоа најмногу лицата кои работеле во домот на работодавачот, како негувателки на деца. Нивниот доход им се намалил за 90% во споредба со заработката пред пандемијата. Сите биле без договор за вработување, токму формализацијата на работното место ќе биде приоритет за Синдикаторт и работодавачите.
Од Фајнанс Тинк бараат државата во новиот предлог закон за работни односи, кој веќе се подготвува, да се вметне регулаторна забрана ваквите договори да се продолжуваат бесконечно., но и да се воспостави механизам непријавените да влезат во системот. Сметаат дека на овој начин значително ќе се намалат бројот на социјалци и сиромашни во државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.