10 факти за сонот

На Самитот во Харвард за здраво спиење можевме да научиме 10 работи за сонот.
Процесот на спиење е всушност „третиот столб“ на здравјето, заедно со храната и вежбањето. Притоа за сите возрасни луѓе потребни се 7 до 8 часа сон. Но тоа ретко кој го почитува, дури 35% од Американците изјавиле дека спијат помалку од 7 часа.
Ние незабележително ги чувствуваме последиците од недоволното спиење, па често луѓето што спијат малку имаат пониско ниво на енергија, и се под поголем стрес, сето тоа влијае на нашиот живот и нашата способност за работа.
Па, еве кои се 10-те факти за сонот кои беа претставени на Самитот:
1.Спиењето влијае на делови од мозокот кои се клучни за иновации, самоконтрола и креативност.
2.11:39 е просечното време за одење на спиење.
3.Луѓето кои имаат проблеми со спиењето конзумираат повеќе благи јадења и леб.
4. Младите луѓе не се консултираат со докотор за спиењето и покрај тоа што спијат многу малку.
5. Недоволното познавање на некои факти за сонот е всушност најлошото нарушување на спиењето.
6. Луѓето просечно спијат по 6.6 часа.
7.Дали сте знаеле дека 6-минутната дремка е доволна за освежување на меморијата.
8. Луѓето што малку спијат имаат нарушена перцепција, односно не можат да го анализираат ризикот.
9.Стресот влијае на нашиот сон, а тоа подоцна влијае и на нашата работа.
10. Постојат програми кои овозможуваат намалување на стрес а тоа ќе ви помогне да имате подобар сон.На Самитот во Харвард за здраво спиење можевме да научиме 10 работи за сонот.
Про

Пронајдете не на следниве мрежи: