10 години од пеколот: Трогателна средба помеѓу девојче од Беслан и специјалецот кој ја спасил кога била бебе

Оваа слика во почетокот на септември 2004 година, го обиколи светот – припадник на Специјалните сили на руската република Северна Осетија, во рацете носи шестмесечно бебе, кое беше најмладиот заложник кога чеченските терористи упаднале во училиштето во Беслан на првиот ден од учебната година. Весникот „Росијскаја газета“, десет години подоцна организираше емоционална средба помеѓу специјалецот и девојчето кое сега тргнува во петто одделение.Аљона Цкаева сега има десет и пол години. Од прозорецот на нејзиниот стан се гледаат остатоците од училишната зграда, каде што терористите цели три дена ги држеле како заложници наставниците и децата, меѓу кои се наоѓал и нејзиниот брат Макар.
Станот е нејзиниот нов дом и таа живее со ново семејство – маќеата Светлана, таткото Руслан, браќата Макар и Георгиј и помалата сестра Кристина, која има десет месеци. Кристина го добила името по постара сестра на Аљона, која заедно со нејзината мајка Фатима беше убиена во експлозија во училишната сала.
Руската телевизија „Раша Тудеј“, пренесе дека малечкиот Макар и до ден денес има кошмари.
„Мојата ќерка им рече дека името на Аљона е Пушкин. Така ја запишаа во листата на преживеаните. Ние ја гледавме листата, но не сфаќавме дека на неа се наоѓаше нашата внука. Но, подоцна ни текна дека нашиот зет поради кадравата коса го нарекуваа Пушкин. Така ја најдовме Аљона жива и здрава“, вели баба ѝ Клара Гасинова.

Подоцна тие дознале дека Aљона од терористите ја спасил Елбрус Гогичаев, кој е потполковник на специјалната единица на локалната полиција и ја однел во зградата на окружните власти, каде што ја пронајдоа роднините. Тој бил цврст додека ја носел во своите раце, но штом ја спуштил на земјата почнал да плаче. Кога открил дека мајка ѝ починала, тој сакал да ја посвои бидејќи мислел дека нема роднини.
Идентитет на Гогичаев беше откриен од страна на новинарката Нели Бечер, која ја напишала статија со наслов „Заложник од шест месеци”, на која се нашла познатата слика на Елбрус со бебе во рацете. Нели го повикала неколку пати, но тој одбил да се сретне со неа.
„Не ме правете херој, јас само си ја вршев работата. Пишувајте за Аљона, нејзиното спасување е вистинското чудо“, рекол Гогичаев.
Кога по една деценија се одлучил да се сретне со Аљона, Гогичаев бил повлечен. Цело време чувствувал вина што не можел да им помогне и на другите деца кои настрадале за време на терористичкиот напад.
„Какви херои сме ние, кога не успеавме да ги спасиме децата?“, прашал тој.Аљона Цкаева сега има десет и пол години. Од прозорецот на нејзиниот стан се гледаат остатоците од училишната зграда, каде што терористите цели три

Пронајдете не на следниве мрежи: