10 историски факти во кои не е лесно да се поверува

Дали сте знаеле дека во исто време кога во кината ширум светот се гледал познатиот “Star Wars”, во Франција сеуште се вршело погубување на гилотина. Погледнете ги 10те факти кои ќе ве натераат да ги промените погледите врз некои досегашни уверување што се ги имале. 
1.Во Франција сеуште се користела гилотината кога излегол “Star Wars”.
Премиерата на првиот филм “Војна на ѕвездите” беше во мај 1977 година, а последната егзекуција на гилотина во Франција била извршена истата година на 10 септември.
2.Периодот помеѓу Стегосаурус и Тираносаурус-Рекс бил подолг, отколку периодот помеѓу Тираносаурусот-Рекс и нас.
Стегосаурусот живеел пред 150 милиони години, додека Тираносаурус-Рекс живеел пред “само” 65 милиони години.
3.Вил Смит моментално има повеќе години од неговиот чичко Фил во филмот “The fresh prince of Bel-Air”.
Кога Џејмс Ејвери се појавил во серијата “The fresh prince of Bel-Air” тогаш имаше 45 години. Вил Смит денеска e нешто постар од него.
4.Првите пирамиди се изградени кога сеуште постоел мамутот со долги влакна.
Најголемиот дел од мамутите изумреле пред 100 илјади години но мал дел од нив успеале да опстојат до 1650 година пред нашата ера, кога пирамидите во Гиза го наполниле својот илјадити роденден.
5.Клеоптара е поблиску до првото “Pizza Hut” отколку до првата пирамида
Првата пирамида во Египет била изградена околу 2560 година пред нашата ера, а Клеопатра живеела триесеттите години пред нашата ера. Првото “Pizza Hut” е отворено во 1958 година, а тоа е за 500 години поблиску.

6.Десеттиот претседател на САД сеуште има живи внуци.
Џон Тајлер бил претседател на Америка од 1841 до 1845. Тој својот син Лион го добил на 63 години, кој пак на 71 и 75 години ги добил синовите Лион Џуниор и Харисон. Двајцата се сеуште живи.
7.Отоманското царство и “Warner Bros” постоеле во исто време.
Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер, основачите на продукциската куќа “Warner Bros”, првиот театар го основале во Пенсилванија во 1903, а Османската империја престана да постои во 1923 година, кога конечно била прогласена за држава.
8.Во пречките на ТВ станиците има остатоци од големиот Биг Бенг.
Околу еден отсто од пречките кои може да се видат, настануваат од зрачењето кое се создало од Биг Бенгот кога е настанат универзумот.
9.Ако историјата на Земјата треба да се претстави во една година, тогаш човекот се појавува на 31 декември околу 23 часот.
Честопати не сме свесни колку само сме кратко на оваа планета.
10.Кога Црвена Ѕвезда последен пат освоила фудбалски трофеј, Ајфонот не постоел.
ФК Црвена Ѕвезда последен пат го освои домашното првенство во 2007 година, а првиот Ајфон излезе на 29 јуни истата година.
  
1.Во Франција сеуште се користела гилотината кога излегол “Star Wars”.
Премиерата на првиот фил

Пронајдете не на следниве мрежи: