10 Најважни совети за сите дваесетгодишници!

Дваесети години, хорор! Во САД ве нарекуваат „Millennials“, понекогаш оваа генерација се нарекува изгубена генерација. Сте дипломирале во времето на тешка економска криза, сте почнале да работите во времето кое нуди несигурност, а од вас се очекува да го поправите она што во минатите десет години е изгубено. На кратко, никој нема да ви помогне, ниту пак мисли на вас! Се кажува дека 80 отсто од најзначајните доживувања, се случуваат до 35-тата година, а интуицијата ви кажува што сте посеале сега ќе жнеете подоцна. Ако сте во потрага по одговорите како да му дадете смисла на овој неред во животот, прочитајте ги советите:
1. Не плашете се да скокнете во можност која ви се нуди. Во дваесетите сте сеуште на почетокот од кариерата и животот, немате сеуште сериозни обврски (кредит за стан, фамилија) и немате изградено мрежа на колеги. Тоа не значи дека треба да талкате, но доколку ви се укаже можност која е навистина уникатна и интересна – стартувајте!
2. Немојте да го губите времето на работа која ја мразите. Пронајдете работа поради која ќе бидете возбудени кога ќе се разбудите наутро. Ако успеете заштедете и пари, мала финансиска слобода ќе ви овозможи поголем простор да продолжете со она што навистина го сакате.
3. Престанете да се жалите. На крајот на краиштата вие сте одговорни за својата среќа и успех. Доколку нешто не е во ред со светот, може да направите нешто околу тоа.
4. Барајте. Зборувајте на состанокот, барајте одговори, не плашете се од никој. Барајте го она што го сакате  и до целта ќе стигнете многу побрзо од што сте очекувале. Во овој период за вас не постојат ограничувања.
5. Запишете го она за што не треба да се преговара. Во дваесетите години мора да бидете себични и сами да сфатите што ви се допаѓа – уште поважно – она што не сте подготвени да го толерирате. Дефинирајте ги работите  за кои не сакате да преговарате во вашите лични и професионални аспекти на животот.

6. Поставете малку цели. Дефинирајте ги целите секој месец и трудете се да ги остварите.
7. Бидете револуционер. Не плашете се да бидете радикални во тоа што го мислите и правете. Ова е ваше време да се однесувате така и со таков дух. Во текот на историјата, напредувале оние млади кои ги преминувале границите на дозволеното.
8. Правете го она од што се плашите. Доколку се плашите од висина, скокнете со подобран. Ако ве плашат јавни говори, придружете се во клуб на јавни говори. Ако се плашите од неуспех, направете нешто во што сте добри, и ако е можно пред публика. Соочувајте се со мали стравови кои ќе ве направат похрабри во сите аспекти од животот и ќе ви дадат моќ пред одлуките кои ве плашат – преселување, отказ на работа, основање сопствен бизнис и сл. Ништо од тоа не е толку страшно.
9. Бидете подготвени од разочарување. Можноста за успех и непријатноста живеат во ист простор. Доколку не сте спремни да ви биде непријатно, не сте спремни ни за успех. Најголемиот ризик во дваесеттите е да не земате било каков предизвик.
10. Прифатете неуспех. Нема да научите ништо без тие рани пропусти. Не дека треба да ги посакуваме, туку да признаеме дека се важна и вредна лекција која ја носи животот.Се кажува дека 80 отсто од најзначајните доживувања, се случуваат до 35-тата година, а интуицијата ви кажува што сте п

Пронајдете не на следниве мрежи: