10 причини поради кои не може да се избегне војната помеѓу Кина и САД – 1 дел

Тешката геополитичка ситуација во меѓународната арена, секој ден го подгрева конфликтот помеѓу Истокот и Западот.Професорот од Воено-поморскиот колеџ во САД, Мајкл Влахос, уверен е дека војната помеѓу САД и Кина – која незадржано се развива во економска и политичка смисла, е готово неизбежна.
Во весникот The National Interest е објавен неговиот аналитички текст под називот „Историско претскажување: застрашувачка можност за војна помеѓу САД и Кина“, во кој Влахос прави историско-политичка анализа: тој смета дека современата состојба на односот САД-Кина е сличен на ситуацијата од 1861 година, кога поради дипломатската епизода со киднапирањето на британските амбасадори на бродот „Трент“ за време на граѓанската војна во САД, Соединетите Држави и Обединетото Кралство се најдоа на граница на воен конфликт.
Според Влахос, постојат десет фактори кои можат да бидат причина за избивање на конфликт во релацијата Америка-Кина:

 
1. Воената пропаганда во медиумите. Современата воена реторика никако не може да се спореди со медиумската ситуација во 19 век. Современиот став на западните медиуми на јавноста не и дава било каков избор – војната е насликана во сите нејзини бои, а нејзиниот најјак симбол несомнено се Националната Ослободителна Армија на Кина и нејзината морнарица.
2. Ограниченост на ресурсите. САД и нивната економија се на работ да пропаднат. И затоа одбрамбените кампањи на американскиот воен естаблишмент мора да бидат упадливи бизнис-планови.
3. Економските планови за развој на американската економија и општата глобализација „не се кочница“ за почеток на нов воен конфликт.
4. Главен непријател. Британците немале потреба во 19 век да ги употребат сите сили… Но, со распадот на СССР, Американците го изгубија својот сон – да му оддолеат на најопасниот непријател на својата нација и светот, во кои периодично спаѓале и германските милитаристи, нацисти и комунисти. Од 50-тите години, ниту Јапонците, ниту исламските екстремисти, дури ни „руските мечки“ не ги оправдаа американските очекувања за вистинска војна. Затоа Кина потполно им одговара на критериумите за „главен монструм“, а во САД се прикажуваат крвави кинески серии за заробени јапонски војници кои само го распалуваат огнот на веќе спомнатата пропагандна доктрина.
Вториот дел ќе можете да  утре да го прочитате…
Професорот од Воено-поморскиот колеџ во САД, Мајкл Влахос, уверен е дека војната помеѓу САД и Кина – која незадржано се развива во економска

Пронајдете не на следниве мрежи: