10 причини поради кои не може да се избегне војната помеѓу Кина и САД – 2 дел

Тешката геополитичка ситуација во меѓународната арена, секој ден го подгрева конфликтот помеѓу Истокот и Западот. Ова е вториот дел од историско-политичката анализа на професорот Мајкл Влохас.5. Главно оружје. Ако американската Воена морнарица во 1861 година го имала „Монитор“, првиот оклопник, кој потполно бил изработен од ковано железо со дебелина од 11 палци на возрасен човек. Денес, американскиот генералитет се наоѓа во постојаните размислувања за D-21 или Dong Feng-21, двостепенската кинеска балистичка ракета со среден домет, која буквално е во состојба да ги преполови американските бродови. Заканата на прекуокеанските ракети со неверојатна прецизност е толку голема, што американската армија и разузнавачките служби навистина ќе мора да ја уништат командата на Народно-ослободителната армија на Кина, разузнавачките и комуникациските служби, како и сите кинески компјутери.
6. САД вложува огромни средства во изградбата на воени бродови, чија осетливост расте со развојот на технологијата. Влахос е скептичен по ова прашање, но вели дека САД би биле во добитна комбинација ако дојде до можна војна. Кина, која моментално се наоѓа во воено-поморска супериорност, нагло и брзо ја јакне воената сила. Меѓутоа, тука повторно се вклучува американската пропаганда и медиумска машина – во јавноста се создава чувство дека Кинезите повеќекратно ја надминуваат американската моќ во воено-поморскиот потенцијал, така што Американците почнуваат да го поддржуваат дејството на власта во зголемувањето на воената сила.

 
7. Видно ослабната во 19 век, Америка прави геополитичка пауза и станува сојузник со Британија. А Кина, со своите амбиции и агресивната воена политика од една страна, и САД кои ги обвинуваат Кинезите за кражба на воени тајни од друга страна, сами допринесуваат кон ескалација на вооружен конфликт.
8. САД конечно се одрекоа од својата 30-годишна доминација на Блискиот Исток и се насочуваат кон новиот „главен“ непријател.
9. Азиските земји се вистински разлутени тигри кои во секој момент се подготвени за борба, а тоа е реален ризик дека САД не би можеле од нив да се одбранат, туку би требало да се вмешаат во нивните геополитички конфликти.
10. Во контекст на вечната војна помеѓу Истокот и Западот, хуманизмот и светскиот поредок – денешниот конфликт помеѓу Американците и Кинезите би бил со поголеми размери и многу поопасен.
Според нималку утешните заклучоци на професорот Влахос, само прашање е на време кога би избила војна помеѓу овие две сили, бидејќи „денес постои баш голем број на луѓе во САД и Кина кои ги застапуваат овие идеи“.
5. Главно оружје. Ако американската Воена морнарица во 1861 година го имала „Монитор“, првиот оклопник, кој потполно б

Пронајдете не на следниве мрежи: