10 причини зошто не го добивте посакуваното унапредување

Не покажувате доволно интерес,  не сте прилагодливи и одговорни? Ова се само неколку од причините зошто, токму вие, не го добивте долгопосакуваното унапредување.Не сте одговорни! Ако доцните на работа, не обвинувајте ги другите и не барајте објаснување за неуспехот. Ретко кој би унапредил особа која не е во состојба да ја преземе вината врз себе. Затоа, поработете на својата одговорност! Користењето на изразите „жал ми е“ и „нема да се повтори“ можат да ви го осигураат напредокот во кариерата.
Не преземате иницијатива! Пасивни сте! Наместо самите да предложувате идеи и решенија за проблемите, вие секогаш се потпирате на другите и туѓото мислење. Бидете пофлексибилни и поактивни во работата! Никој не е должен да ви ги извршува вашите работни задачи.
Срамежливи сте! Илјадници мисли ви се вртат во главата, инвентивни сте и полни со идеи, но сепак седите и гледате од страна. Не срамете се и покажете што знаете и како знаете да работите. На тој начин, вашиот шеф ќе има увид за вашите работни способности, а вие ненаметливо ќе се истакнете.
Не сте прилагодливи! Наместо постојано да ги терате работите по свое, обидете се да се прилагодите на потребите и барањата на другите. На пример, ако не сте сигурни дали вашиот шеф повеќе претпочита разговор „очи в очи“, преку телефон или мејл – едноставно прашајте го. Прашајте го за кој дел од работата сака да биде најчесто известуван и кој дел сака вие да го преземете.

Имате непристојни содржини на вашиот Facebook профил!  Внимавајте како се изразувате и што постирате на вашиот профил. Секој пат кога ќе сакате нешто да објавите, прво запрашајте се дали би сакале тоа да го види и вашиот шеф. Фотографии по долна облека и албум од вашето последно пијанство сигурно не се чекор до вашето унапредување.

 
Тренерки и провокативна облека – НЕ! Не смеете да си дозволите да дојдете на работа облечени како за на џогинг или како штотуку да сте се вратиле од дискотека. Работната облека треба да оддава впечаток дека сте уредна, одговорна и сериозна личност која внимава на својот изглед.
Се умилкувате! Шефовите не сакаат да им се умилкувате и да климате со главата на секој нивен кажан збор. Наместо тоа, покажете дека знаете да размислувате и заслужете си го вашето место со напорна работа.
Не сте во добри односи со колегите! Златното правило гласи: „Не правете им го на другите она што не би сакале да ви го направат вам!“ . Не ги озборувајте вашите колеги и не бидете дволични. Бидете пријателски настроени кон нив и секогаш коректни.

Не покажувате интерес! За да ве унапредат, најнапред треба да покажете дека сте заинтересирани да напредувате на некоја повисока позиција. Треба да им дадете до знаење дека сте подготвени да го преземете наредниот чекор во вашата кариера.
Не сте доволно квалификувани! За да одговорите на бараниот предизвик кој ви го нуди вашата компанија треба да поседувате соодветно знаење. Доколку сметате дека не сте доволно компетентни за посакуваната позиција – доусовршете се и не се плашете постојано да учите нови работи.Не сте одговорни! Ако доцните на работа, не обвинувајте ги другите и не барајте објаснување за неуспехот. Ретко кој би унапредил о

Пронајдете не на следниве мрежи: