Клучот при чистењето на прашината не е да ја расфрлате низ собата, туку да ја соберете и отстраните, а во тоа може да ви помогнат памучни крпи, вода, оцет, кокосово масло и етерично масло од лимон.
За да го направите вашето чистење што е можно поефикасно и да го одржите вашиот дом удобен што е можно подолго, погледнете ја идејата на една мајка која својот трик го сподели јавно и ги воодушеви сите, олеснувајќи им го уредувањето на куќата.
@mama_mila_The DIY furniture dusting spray that helps keep dust away for longer 🌿 #cleanhome #cleaninghacks #diycleaner #naturalcleaning
Спрејовите што „одбиваат“ прашина честопати се скапи, на некои им пречи нивниот мирис, а сега корисничката на TikTok, Мила Шантел, покажа како сами да направите спреј против прашина.
Потребни ви се состојки што веќе ги имате дома, плус две што можете да ги купите во продавница за здрава храна.
Измешајте вода, оцет, кокосово масло и есенцијално масло од лимон. Во видеото погледнете која од нив е „волшебна“ состојка која ќе ја одбива прашината, па ќе мора поретко да ја бришете од дрвените површини.